Силвер планира сезона без „Ол-стар“ викенд и пауза од 15 дена?

Силвер

НБА лигата и натаму крои план како и кога да ја започне новата сезона. Разговорите ги вклучуваат екипите, кошаркарите и ТВ куќите, кои наскоро ќе мора да донесат конечна одлука околу организацијата на натпреварите во 2021 година.

Планот на комесарот Адам Силвер е да се скрати бројката на натпревари на 72, исто така да не се одржи традиционалниот „Ол-стар“ викенд, а да се направи пауза од две недели на половина од сезоната.

Одморот ќе биде потребен за екипите кои ќе играат во забрзан ритам, со цел да се комплетира сезоната, пред да започне новата. Очекувањата се дека во октомври наредната година во редовниот термин ќе стартуваат мечевите во најсилната лига на светот.

Сите овие мерки спаѓаат во планот на НБА за намалување на патувањата и ризиците поврзани со КОВИД-19. 

Термини кои се споменуваат за почеток на новата сезона се 22 декември и 18 јануари