ВИДЕО: Сиксерси ја уништија историската вечер на Леброн, симултанка на Ирвинг во Детроит

Симонс

Феладелфија продолжи да реди одлични резултати на домашен терен, каде стигна до скор од 21 победа и само два порази. Сиксерси во изминатата вечер беа подобри од Леброн Џејмс и неговиот Лос Анџелес Лејкерс (108-91).

Домашните кошаркари ја уништија историската вечер на „кралот“, кој го престигна Коби Брајант по вкупнот број поени во својата кариера. Сега тој стои на третото место на вечната листа, само зад Карл Мелоун и Карим Абдул Џабар.

Блескава вечер имаше Кајри Ирвинг кој го одигра најдобриот меч по повредата. Неговата симултанка беше доволна за победа на Бруклин кај Детроит (111-121). Гостинскиот плејмејкер беше незадржлив за домашната одбрана, остварувајќи учинок од 45 поени.

Лука Дончиќ со Далас загуби кај Јута (112-107) и тоа со очајна игра во последната четвртина. Иако имаа предност во пресрет на последните десет минути, Маверикси значително го намалија квалитетот на игра и дозволија пресврт на „џезерите“. Словенецот го заврши мечот со 25 поени.

Седум кошаркари запишаа двоцифрен број поени за Оклахома Сити во гостинската победа кај Минесота (104-113), а Зек Лавин продолжи да реди фантастични бројки и со 44 поени го уништи Кливленд за нов триумф на Чикаго (106-118).