Швеѓаните го нарекоа Дончиќ „преценет“, па добија кошаркарско шоу

Кошаркарската репрезентација на Словенија забележа нов успех во квалификациите за Светското првенство (СП) и ја совладаа Шведска на гости (81-84) и така го презедоа првото место на табелата во групата.

На овој натпревар блескаше првата ѕвезда Лука Дончиќ. Швеѓаните го фатија на „пик“, а за време на натпреварот кон него скандираа „преценет“. Сепак, ѕвездата на Далас Маверикс имаше блескав натпревар и им одговори на критиките на максимален начин.

Дончиќ дуелот го заврши со 31 постигнат поен, десет скока и шест асистенции, пред Горан Драгиќ со 20 поени. Кај Шведска се истакна Хакансон со 24 поени.

Словенија со овој триумф ја остави Хрватска во игра за следна фаза. Ако победи со Финска, оди понатаму како трета во групата.