• Сашо Поповски

Шведскиот кошаркарски сојуз реагираше веднаш по потписот на договорот меѓу Јонас Јеребко и ЦСКА Москва.
Челниците на шведската кошарка зборувале со својот репрезентативец пред да ја донесат оваа одлука. Меѓутоа поранешниот НБА играч не сакал да го промени мислењето околу преминот во рускиот гигант.
„По дијалогот, за жал, бевме принудени да одлучиме дека нема услови Јонас Јеребко да ја претставува шведската кошаркарска репрезентација. ЦСКА Москва е исклучена од сите меѓународни натпреварувања и учествува само во руската лига како дел од санкциите против Русија“, стои во официјалното соопштение.
Јеребко по кам-бекот во Европа го облече дресот на Химки, каде се задржа две години. Сега одлучи кариерата да ја продолжи во редовите на „армејците“ од Москва.