Швед го загуби врвот, Европа има нов најплатен кошаркар во историјата

Европската кошарка од година во година напредува кога се работи за платите, а во новата сезона, овој спорт ќе има и нов најплатен кошаркар.

Нов лидер на листата според платата е црногорскиот кошаркар Никола Миротиќ. Од НБА-лигата тој се пресели во редовите на Барселона и сега има договор вреден 5,4 милиони долари по сезона.

На второто место се наоѓа Алексеј Швед од Химки, кој долго време беше лидер, со 4 милиони долари по сезона, додека третото место му припаѓа на Валтер Таварес од Реал Мадрид, со 3 милиони долари по сезона.

Листа на најплатените кошаркари:
Никола Миротиќ (Барселона) - 5,4 милиони долари
Алексеј Швед (Химки) - 4 милиони долари
Валтер Таварес (Реал Мадрид) - 3 милиони долари
Нандо Де Коло (Фенербахче) - 2,6 милиони долари
Ник Калатес (Панатинаикос) - 2,55 милиони долари
Јан Весели (Фенербахче) - 2,43 милиони долари
Серхио Љуљ (Реал Мадрид) - 2,2 милиони долари
Серхио Родригез (Армани) - 2 милиони долари
Алекс Абринес (Барселона) - 2 милиони долари
Кори Хигинс (Барселона) - 2 милиони долари