Швајцарија го загуби првиот од двата теста против Португалија

На првиот од двата дуели во Нион, нашиот противник во претквалификациите за Светското првенство, Швајцарија со три поени загуби од Португалија (74-71).

По релативно израмениот прв дел, во кој Португалија имала предност од 45-39, во третиот период од игртаа, гостите стигнале и до плус од 18.поени (66-48). Но Швајцарците не се откажале, напротив, со серија од (12-0) во последната  минута од контролата се доближиле и на само еден поен негатива (71-72). А по двете слободни фрлања на Португалија, не го реализирале нападот за продолжение, и победата и припаднала на Португалија.

Поените за Швајцарија ги реализираа: Нзеге 11, Казади 5, Фофана 2, Козиќ 4, Ковач 20, Ле Сан 7, Рочак 2, Гравет 7, Дубас 3, Мемиши 0, Зин 0, Јуркович 10

Вечерва од 19:30 часот, во Нион, двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар.