ВИДЕО: Шутот кој можеше да промени сѐ - Кари ќе го памети промашувањето цела кариера

Стеф Кари

Завршницата на шестиот и последен меч од НБА финалето донесе среќен крај за Торонто.

Трагичар на Голден Стејт беше Стеф Кари кој го промаши шутот за предност и можеби за „мајсторка“. Домашните кошаркари го имаа последниот напад на натпреварот, топката заврши на посакуваното место, но најдобриот шутер на денешницата не ги израдува фановите.

На прес-конференцијата по поразот, Кари рече дека жали за пропуштената можност, бидејќи таквите шутеви ги реализира секој ден од неделата.

НБА светот веднаш започна со негативни коментари на негова сметка. Многу фанови го поврзаа овој пропуст на плејмејкерот на „воините“ со лошата игра во финалето пред три години, кога Кливленд се врати од негатива 3-1 за да ја освои шампионската титула.