Шутерско шоу на Американците: 21 тројка и лесна победа против Чешка

Благодарение на третата четвртина, која Американците ја добија со 35-17, првиот фаворит за освојување на златото на кошаркарскиот турнир ja совладаа Чешка и практично ја елиминираа од борбата за нокаут-фазата. Чесите се третопласирани, но веројатно ќе бидат таа селекција која нема да обезбеди четвртфинале, заради најслаб учинок на третопласираните во групите.

Момците на Попович извојуваа победа против Саторански и другарите со 119-84. Со дури дваесет ои една тројка, Американците ги наместија нишанските справи и делуваа многу похомогени од натпреварот против Франција. Водени од единствената своја НБА ѕвезда, Чесите почнаа одлично, посебно во одбраната и првиот квартал им припадна со 25-18. Сепак, се разигра Дурант, го следеше Левин и индивидуалниот квалитет на НБА-ѕвездите им донесе предност во 17. минута.

Потоа Дурант го „украде“ шоуто и во третиот квартал го наполни чешкиот кош за победа од 35 разлика. Најефикасни во американскиот состав беа Тејтум со 27 и Дурант со 23 поени, а кај Чешка се издвоија Шилб со 17, Балвин со 15 и Весели со 13 поени. 

И покрај овој триумф, Соединетите Американски Држави ќе ја завршат групната фаза на второто место, веднаш зад максималната Франција, која ги совлада во меѓусебниот дуел.