Шутерска егзибиција - Панатинаикос го наполни кошот на Ираклис со 21 ТРОЈКА!

ПАО

Кошаркарите на Панатинаикос постигнаа 130 поени и го декласираа Ираклис на домашен терен во 8. коло од грчкиот шампионат.

„Зелено-белите“ стигнаа до осмата победа во исто толку натпревари и останаа неприкосновени на врвот на табелата. Денешната шутерска егзибиција за нив донесе апсолутен рекорд по бројот на постигнати тројки во домашното првенство.

Расположените играчи на ПАО постигнаа дури 21 тројка и го наполнија кошот на противникот, кој немаше одговор за офанзивниот арсенал на фаворитот.