• Иван Димовски
Кошаркарите на МЗТ Скопје ги очекува реванш четвртфиналето против Спартак Суботица во рамките на плеј-офот во АБА-2 лигата. Скопскиот меч заврши со победа на Србите од 73-78, па на потег е македонскиот првак да се избори за финале и да ги одржи шансите да се врати во АБА-елитата.
„Штрковите“ во Суботица одат во подредена улога, пред сè поради пласманот на Спартак на првото место во регуларниот дел на сезоната, но и добрата игра во Скопје. Резултатот е апсолутно активен, МЗТ Скопје има свои математики и шанси, меѓутоа мора да се надмине себеси за да дојде до подвиг и пласман во финалето. И тренерот Васко Атанасов нагласи дека македонскиот тим нема да се откаже и ќе се обиде да го сврти двомечот и покрај квалитетите на ривалот.
По поразот од српскиот ривал МЗТ ја отвори полуфиналната серија со ТФТ со триумф пред неколку денови, па атмосферата е делумно подобрена. Од друга страна, Спартак загуби во српското првенство убедливо од Борац (70-95). Во финалето веќе својот противник го чека екипата на Војводина која го доби двомечот со Подгорица.
Натпреварот во Суботица се игра попладнево во терминот од 19:00 часот.