„Штрковите“ на „крилата“ на Мичовиќ го збришаа Чаир 2030!

Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија рутинска победа над Чаир 2030 во рамките на домашното првенство и славеа со огромни 79-113. „Металците“ беа подобар противник во текот на целиот меч и со заслужена победа се враќаат во Аеродром. Домашниот состав едноставно немаше одговор за силниот тим на МЗТ Скопје. 

Дури петмина кошаркари на гостите имаа двоцифрен учинок, а беа предводени од одличниот Страхиња Мичовиќ кој постигна 24 поени. Го следеа Киандре Кук со 16, Андоновски и Бурсаќ со по 13, а Робев запиша единаесет поени зад своето име. 

Јусуф Мохамед и Девел Роби беа први имиња кај тимот на Чаир 2030 со 16 поени, а Мустафица беше веднаш зад нив со поен помалку. МЗТ Скопје ги доби сите четири четвртини и беше доминантен во секој сегмент од играта. Тренерот Драган Николиќ успеа да одмори дел од играчите, а „металците“ ќе се подготвуваат за последната „сламка на спасот“ во АБА-лигата. 

  • Комплетниот натпревар меѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје: 

Во следното коло МЗТ Скопје ќе се соочи со Еуро Никел, но овој меч ќе се одложи поради настапот на аеродромци во АБА-лигата в сабота. Чаир 2030 следниот лигашки натпревар повторно ќе го одигра на домашен терен, овој пат против Гостивар