ВИДЕО: Што се случува во Бостон? Морис и Браун ќе се истепаа за време на тајм-аут

Бостон тепачка

Кога ќе се погледне ростерот на Бостон Селтикс, може да се заклучи дека се работи за една од најдобрите екипи во НБА лигата. Поради тоа, а и фактот што Бред Стивенс, еден од најдобрите тренери, е дел од тимот, легендарната франшиза пред почетокот на сезоната важеше за еден од главните фаворити за титулата,

Но, се чини големиот број на ѕвезди на едно место понекогаш е проблем, па екипата игра далеку под очекуваното ниво. Тајните состаноци, кавгите меѓу играчите и незадоволните лица на клупата за резерви се честа појава кога се работи за Бостон во тековната сезона.

Последниот пример дека работите не функционираат е вчерашниот инцидент за време на тајм-аут на мечот против Мајами. Маркус Морис и Џејлен Браун разменија неколку зборови, а потоа тргнаа и физички да се пресметуваат, што предизвика реакција од нивните соиграчи.

Првата ѕвезда на екипата Кајри Ирвинг не крие дека доколку нешто не се промени до почетокот на плеј-офот, високите амбиции на клубот нема да бидат исполнети.