Што ќе прави Леброн во пензија? Има идеја вредна седум милијарди долари!

Леброн Џејмс во декември ќе наполни 40 години, меѓутоа и покрај тоа не најавува пензија од кошарката во следниот период. Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерси во новата сезона ќе има историска шанса да заигра со својот син Брони Џејмс кој исто така потпиша со франшизата од Калифорнија. 

Во Соединетите Американски Држави на големо се шпекулира што ќе прави Џејмс по крајот на кариерата. Се споменуваа повеќе опции низ годините, меѓутоа како главна во моментов е посочено дека сака да има своја НБА франшиза. 

Се очекува во следните години да има проширување на НБА лигата, а тоа ќе донесе неверојатни финансиски можности за повеќе заинтересирани страни. Леброн има за цел да биде дел од тоа проширување, поточно со екипа од Лос Анџелес за која подготвува седум милијарди долари. 

Секако, Леброн ќе биде лице на франшизата, ама ќе влезе со тим партнери од кои највлијателно име е сопственикот на брендот „Ред Бул“.