Штип се засили со поранешен младински репрезентативец на Србија!

Новиот суперлигаш Штип продолжува да го формира ростерот за претстојните предизвици, а најново засилување на клубот е српскиот центар Вук Ѓорѓевиќ.

Станува збор за 27-годишен кошаркар кој во последните две сезони настапуваше за Златибор, а сега ќе има нов предизвик во македонската кошарка. Ѓорѓевиќ во досегашната кариера има настапувано и за Доха Лефкадас, Комарно, Колубара и Слобода, додека негов прв клуб во сениорска конкуренција беше Вршац.

Новиот кошаркар на Штип поминал и низ младинската школа на српскиот гигант Црвена Звезда, а има и настапи за репрезентацијата на Србија до 20 години.

Штип сезоната во Суперлигата ја започна со убедлив пораз од Тиквеш, а во следното коло гостува кај Куманово.