• Горан Упале

Кошаркарите на Куманово ја забележаа првата победа во новата сезона, откако на домашен терен го совладаа амбициозниот Штип со 70-59. Гостите го запишаа вториот пораз, додека Куманово доби значаен импулс за продолжението од шампионатот.
Гостите одиграа одлично во првата четвртина и поведоа со 15-21, но Куманово возврати во вториот период и ја доби четвртината со 14-13. Сепак, штипјани на полувреме заминаа со предност, и се чинеше дека се блиску до прв овосезонски триумф.
Клучниот период беше третата четвртина, во која Куманово фати ритам, немилосрдно го полнеше гостинскиот кош и го презеде водството на своја страна (51-47). Во завршницата домашниот состав беше уште посигурен, постигна 19 поени наспроти 12 на противникот и ја потврди победата со конечни 70-59.
За Куманово ова е прв триумф во новата сезона, додека Штип ќе мора да ја бара шансата за враќање на победничките патеки во следното коло. Искусниот Ѓуроски беше најпрецизен во победничкиот состав со 16 поени, а еден помалку имаше Мекиќ. За Штип на висината на задачата беше Хамилтон со 21 поени и девет скока.








