Штип нема по добро да го памети дебито во елитата, убедливо загуби од Тиквеш

Кошаркарите на Штип не успеаја со победа да ја започнат својата прва сезона во македонската кошаркарска елита, откако на домашен терен убедливо загубија од Тиквеш со 65-93.

Кавадарчани уште во првите десет минути направија огромна разлика и практично најавија дека победата нема да остане во Штип. Тиквеш одигра одлична прва четвртина, во која постигна 30 поени, а прими само шест, па на семафорот стоеше високи 6-30.

Штип во вториот дел успеа да ја намали разликата и ја доби третата четвртина со 24-18, но тоа беше премалку за целосен пресврт. Тиквеш повторно го подигна нивото на игра во завршните десет минути и без проблеми го приведе натпреварот до крај за убедлива победа од 65-93.

Најефикасен кај победничкиот тим беше Смит со 25 поени, на кои додаде и осум асистенции. Кај Штип, Хамилтон, Стенфорд и Александровски постигнаа по 13 поени.