• Горан Упале
Германскиот кошаркар Денис Шрудер не го криеше задоволството од големата победа над Србија и титулата светски првак без пораз на Мундобаскетот.
„Ова е неверојатна група на кошаркари. Неверојатно е да се заврши турнирот со 8/0“, рече Шрудер.
Германија во Манила ја освои првата титула светски првак, откако во финалето ја совлада Србија со 83-77.
„Во Германија луѓето почнуваат да препознаваат што правиме за нашата земја. Сакаме и нас да нè почитуваат“, додаде Шрудер.
Во финалната пресметка Шрудер ја предводеше Германија со 28 поени, а беше прогласен и за најкорисен играч (МВП) на Светското првенство во Јапонија, Филипини и Индонезија. Со освојувањето на титулата, Германија го постигна најголемиот успех во историјата, откако претходно ја освои бронзата во Индијанаполис во 2002 година.
Германија стана петтиот светски шампион кој ја освоил титулата без пораз.