• Сашо Поповски

Репрезентацијата на Германија ја победи Украина (75-63) и со победа го отвори Европското првенство, кое оваа година се одржува во четири држави.
.@DBB_Basketball cruise to an Opening Day win in Group of FIBA #EuroBasket2017.
https://t.co/wtIxqXgfOR pic.twitter.com/0k0JOocivB
— FIBA (@FIBA) August 31, 2017
Во „Тел Авив арената“, Денис Шрудер, германскиот плејмејкер одигра симултанка и беше лидер на својата репрезентација во премиерната победа во рамки од групата Б.
Почетокот не најави развој на настаните во корист на Германците, бидејќи украинските кошаркари го добија првиот дел со 16-9. Но, од тој момент сè се сврти на страната на германската репрезентација, која убедливо ги доби следните три четвртини и на крај лесно стигна до победата од 75-63.
Шрудер беше најефикасен на паркетот со 32 поени, а го следеа Бензинг со 17 и Воигтман со 8 поени. Кај Украинците само двајца запишаа двоцифрен број на поени, Мишула со 12 и Пустовји со 11 поени.