Шест репрезентации досега обезбедија учество на следниот Евробаскет

Македонската кошаркарска репрезентација остана само со теоретски шанси за пласман на Евробаскетот, а некои селекции веќе в џеб имаат „виза“ за следниот континентален собир.

Светскиот вицешампион Србија се избори за пласман на следниот Евробаскет, кој следната година ќе се одржи во четири земји на стариот континент. „Орлите“ станаа шеста селекција која си ја завери визата за турнирот, односно втора која успеа да се пласира преку квалификациите. 

На континенталниот собир домаќини ќе бидат Кипар, Полска, Финска и Летонија, што значи дека тие имаат директен пласман, а покрај Србија, учество избори и Литванија, која го забетонира своето место по двете победи над Македонија

Нашата репрезентација уште има теоретски шанси за да се најде меѓу најдобрите европски селекции, а во трка за своето место на Евробаскетот се уште Израел, Унгарија, Белгија, Босна и Херцеговина, Франција, Хрватска, Грција, Данска, Чешка и Естонија

До крајот на квалификацискиот циклус остануваат уште две кола, а Европското првенство ќе се одржи од 27 август до 14 септември следната година.