Шпекулациите за трејд се отфрлени, Никола Вучевиќ останува во Чикаго

Црногорскиот репрезентативец Никола Вучевиќ стави крај на гласините за евентуалното заминување од Чикаго Булс и потврди дека останува во славната НБА франшиза. 

Деновиве кружеа шпекулации дека управата сака да го „трејдува“, но самиот кошаркар демантира и вели дека е среќен во клубот. 

„Имам јасни гаранции од менаџментот дека останувам во Чикаго. Генералниот менаџер потврди дека стручниот штаб сериозно смета на моите услуги. Нашиот договор е на сила, нема никакви промени“, изјави Вучевиќ. 

Минатата година Црногорецот имаше одличен „дабл-дабл“ просек од 18,4 поени, десет скокови и 3,5 асистенции по натпревар. Во својата долга НБА кариера го носеше дресот на Филаделфија, Орландо и Чикаго. 

ФОТО/PHOTO: Nba.com