• Мартин Танасковски
Раководството на Црвена Звезда е на чекор до ангажман на нов тренер по разочарувачкиот финиш на сезоната 2025/26. Според информациите од „Меридиан Спорт“, белградскиот клуб постигнал договор со шпанскиот стратег Ибон Наваро, кој треба да ја преземе тренерската функција во наредниот период.
50-годишниот Наваро зад себе има исклучително успешен период на клупата на Уникаха Малага, каде што работеше во изминатите четири сезони и изгради еден од најконкурентните тимови во европската кошарка.
Под негово водство, Уникаха освои дури седум трофеи. Шпанскиот клуб двапати триумфираше во ФИБА Интерконтиненталниот куп, во 2024 и 2025 година, а во истите години ја освои и Лигата на шампионите на ФИБА. Покрај тоа, Наваро стигна и до два трофеи во Купот на Шпанија, во 2023 и 2025 година, како и до титулата во шпанскиот Суперкуп во 2024 година.
Белградскиот клуб неодамна се раздели со тренерот Саша Обрадовиќ, откако тимот не успеа да обезбеди место во финалето на АБА-лигата, што беше оценето како големо разочарување со оглед на амбициите и вложувањата во составот.
