Шпански кошаркарски клуб го смени името во чест на белградски Партизан!

Шпанскиот кошаркарски клуб Фуенлабрада официјално го промени своето име во Партизан де Фуенлабрада. Оваа историска одлука е донесена во чест на 35-годишнината од нераскинливото пријателство меѓу шпанскиот клуб и белградски Партизан. 

Врската меѓу овие два клуба датира од 1991/92 година, кога поради војната во поранешна Југославија, Партизан мораше да ги игра своите домашни натпревари во ФИБА Евролигата надвор од својата земја. Предградието на Мадрид, Фуенлабрада, тогаш го прифати белградскиот тим како свој, а локалните навивачи страсно навиваа за нив. Во таа култна сезона, Партизан стигна до својата прва и единствена европска титула.

Првиот натпревар под новото име ќе има посебна симболика — Партизан де Фуенлабрада ќе ги одмери силите токму против белградски Партизан во рамките на специјален натпревар на отворено.