Кошаркарите на Хувентуд успеаја убедливо да победат против Манреса со 96-68 во дуелот од 34. коло на Ендеса лигата во Шпанија. Ненад Димитријевиќ го предводеше својот тим до важен триумф, со кој Хувентуд се одлепи пред Манреса и Уникаха во битката за пласман во четвртфиналето.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше најдобар играч на теренот во победата на неговиот Хувентуд над Тенерифе (90-85) во рамки на шпанската АЦБ-лига.
Екипата на Касадемонт стигна до планирна триумф во натреварот против Гипускоа Баскет. Како дел од 32.коло од Ендеса лигата, Џејкоб Вајли и соиграчите поминаа лесно против „фенерџијата“ во најдобрата шпанска дивизија. Славеа со повеќе од убедливи 99-71.
Хувентуд не успеа во обидот да дојде до сензационален резултат на гостувањето во Мадрид. Иако тимот од Бадалона имаше одлично прво полувреме, на крајот, „кралскиот клуб“ направи пресврт и победи со резултат 101-92.
Кошаркарите на Хувентуд запишаа пораз на гостувањето кај Сан Пабло Бургос од 86-78. За домашната екипа од Бургос ова беше прво славје по пет меча, додека екипата на Ненад Димитријевиќ бележи втор пораз во низа.
Реал Мадрид ја прекина серијата четири порази во дуелите со Барселона во сите натпреварувања и прослави голем триумф на гостувањето во 30. коло од Ендеса лигата (85-87).
Кошаркарите на Касадемонт Сарагоса ја продолжија трката за место кое води во плеј-офот на најсилната европска лига. Џејкоб Вајли се врати на местото каде беше до пред нова година – Канарските Острови.
Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ имаше одличен натпревар за неговиот Хувентуд, во победата над Валенсија (89-102) во рамки на шпанската Ендеса лига.
Заморот од настапот во Еврокупот очигледно влијаеше на играта на Хувентуд, кој денес загуби на домашен терен од Бетис (78-88) во меч на кој важеше за голем фаворит.
Екипата на ХЛА Аликанте во вистински момент им се врати на победите и по двата порази во низа со убедливи 25 разлика славеше над Ла Коруња (85-60) и се врати во игра за лидерската позиција на табелата која следната сезона носи директно место во АЦБ лигата.
Естудијантес славеше против Сарагоза со 113-104 по продолжение, во рамиите на 26. коло на Ендеса лигата, а Џејкоб Вајли беше скромен, со четири поени и три скока за 15 минути во игра
Кошаркарите на Хувентуд продолжуваат со одличните настапи во домашниот шампионат и вечерва ја запишаа третата победа во низа, со која драстично ги сочуваа шансите за плеј-оф во Ендеса лигата.
По утринскиот тренинг, и мал број на денови на престој во главниот град на Арагонија, Џејкоб Вајли го имаше својот прв официјален „настап“ пред медиумите во Сарагоза.