Еден од најлегендарните шпански кошаркари и актуелен капитен на „црвената фурија“, Руди Фернандез, изјави дека официјално ќе стави крај на својата богата кариера по завршувањето на Олимписките игри кои следната година ќе се одржат во Париз, Франција.
Екипата на Барселона продолжува со плановите за креирање нов ростер, откако управата драстично го намали буџетот за следната сезона. Сепак, клубот е активен на трансфер-пазарот, а најновите информации од Шпанија сигурно се добри за навивачите на Каталонците.
Турскиот репрезентативец Сертач Санли по две години ќе ја напушти Барселона. Договорот на 32-годишниот кошаркар истекуваше на крајот од сезоната, но по неговите одлични партии на крајот од шпанскиот плеј-оф, се очекуваше Каталонците да се обидат да го задржат. Вакви обиди имаше и во изминатите неколку недели.
Кошаркарите на Барселона направија „брејк“ кај Реал Мадрид (82-93) и во три натпревари го решија финалето на Ендеса лигата. „Кралевите“ кои го бранеа тронот добија „метла“ во финалната серија, откако не успеаја да го одбранат домашниот терен и лутиот ривал се радуваше на трофејот.