Шпанија во Сарагоза ќе ја дочека Македонија во квалификациите за СП

Кошаркарската репрезентација на Македонија во јули ќе го продолжи квалификацискиот циклус за Мундобаскетот 2023 година. 

Во натпревар од петтото коло, избраниците на Драган Бајиќ ќе гостуваат кај Шпанија, а „фуријата“ веќе го одреди градот домаќин на овој дуел. Се работи за Сарагоза, односно салата Павиљон „Принц Фелипе“, во која настапува прволигашкот Касадемонт Сарагоза, клуб во кој до неодамна играше Џејкоб Вајли. 

Откако Македонија нанижа четири порази во исто толку средби, се бара првата победа во групата, меѓутоа тешко е да се очекува дека ќе се извојува кај најголемиот фаворит. 

По оваа средба во Шпанија, селекцијата на Македонија се враќа во Скопје за последниот дуел со Украина, на кој постои шанса со голема победа да се дојде до следната квалификациска фаза.