Шпанија со +46 против Венецуела, „Ла бомба“ влезе во историјата

Кошаркарската репрезентација на Шпанија забележа висока победа над Венецуела (90-44) на пријателски меч пред Европското првенство (ЕП) на кое „фуријата“ ќе ја брани шампионската круна.

Разликата на паркетот беше евидентна, а високиот триумф се најави уште по првиот период кога на семафорот стоеше 24-9. Овој натпревар имаше посебно значење за Хуан Карлос Наваро, кој влезе во историјата, како кошаркар со најмногу настапи во црвено-жолтиот дресо, со вкупно 240 меча во репрезентацијата.

Најефикасен во победата беше Марк Гасол со 16 поени, а двоцифрен беше уште Хермангомес со 12 поени. За Шпанија ова е четврта победа на петтиот пријателски меч пред ЕП.