• Иван Димовски

Во натпреварот кој одлучуваше за првото место во групата А на Евробаскетот, селекцијата на Шпанија запиша тесна победа против Турција (69-72). Битката за престиж, подобро рангирање и веројатно полесен ривал во осминафиналето ѝ припадна на „фуријата“, иако Турците сериозно го измачија фаворитот.
Натпреварот во Тбилиси тргна изедначено, екипите се менуваа во водството, а турските кошаркари ја завршија четвртината со минимална предност. Во продолжението се продолжи во исто темпо, Шпанија не успеаваше да се наметне против расположениот ривал, па се играше изедначено до паузата. На одмор се замина со водство на „фуријата“ од 34-38.
Турците продолжија да притискаа и по полувремето, пак минимално поведоа, ама пак дојде до пресврт. Се играше кош за кош, Шпанија максимално имаше шест поени предност, ама тие бргу ги загуби. Во завршницата се влезе со егал, Турција последен пат поведе со 65-64, за потоа Шпанците да се радуваат во пенал-завршница во последната минута.
Кошаркарот со потекло од Македонија, Џеди Осман заврши како најдобар на паркетот со 20 поени, додека Коркмаз уфрли 16. Кај Шпанците се истакна Вили Хернангомез со 15 реализации.