• Зоран Мишевски
Шпанската кошаркарска репрезетација до 20 години е нов европски првак по вечерашната победа во финалето во Хелсинки против Литванија со 55-68. Во меч на мал број на поени дури во самиот финиш „црвената фурија“ го скрши отпорот на Литванците и стигна до втората европска титула во оваа возрасна категорија.
Рамон Виља со 18 поени беше најзаслужен за победата и трофејот, а Марк Гарсија блескаше во првиот дел и мечот го заврши со 21 поен. Кај Литванците Фиодоровос со 13 поени беше најефикасен. Шпанецот Виља е прогласен за МВП на турнирот кој траеше 12 дена.
Ова е голем успех и за селекторот Оренга, кој пред пет години како селектор на оваа возрасна категорија стана европски првак со Миротиќ како МВП, па доживеа дебакл со сениорската репрезентација, за пак да се врати меѓу надежите и пак да освои злато.