ВИДЕО: Шпанија максимална, Канада во чекалницата за четвртфинале

Поранешниот европски првак и селекцијата која на домашен терен ја загубија круната минатиот месец, репрезентацијата на Шпанија очигледно ги чувала силите за олимпискиот кошаркарски турнир во женска конкуренција. „Фуријата“ го потврди првото место во групата А, откако по победите над Република Кореја и Србија, утрово ја наигра и Канада со 76-66 (23-13, 17-21, 20-13, 16-19).

Ндур со 20 поени пак беше најефикасна, а ја следеа Оувина со 15 и Торенс со 12 поени. Во канадскиот табор Нурс со 14 и Аконва со 11 поени беа најефикасни. Канада е препуштена на Кореанките, кои мора да направат подвиг против европскиот првак Србија за сигурно четвртфинале. Сепак, според системот на натпреварување, кој им нуди нокаут фаза и на две третопласирани селекции, Канада веројатно ќе се најде во четвртфиналето. 

Утре завршува групната фаза на женскиот кошаркарски турнир, а се играат натпреварите Нигерија - Јапонија, Франција - САД, Кина - Белгија и Австралија - Порторико.