Шпанија ја спушти на земја залетаната Србија и ѝ го нанесе првиот пораз на СП!

Кошаркарската репрезентација на Шпанија ѝ одржа лекција на залетаната Србија и ѝ го нанесе првиот пораз на Мундобаскетот во Кина (81-69). Првиот фаворит за златото, го одигра најлошиот меч на овој собир, Јокиќ, Марјановиќ, Бјелица беа незаприметливи и тотално потфрлија, додека на спротивната страна неверојатни беа Рики Рубио и Марк Гасол, па победата заслужено заврши во рацете на кошаркарите на „фуријата“.

Избраниците на Александар Ѓорѓевиќ тргнаа фуриозно и по почетното водство на Шпанија од 6-4, влегоа во серија, погодуваа од секоја позиција, па на првата мала пауза заминаа со позитива од седум поени (13-20).

Но, на стартот на вторите десет минути Рубио им создаде многу проблеми на Србите, а Шпанија за краток период не само што ја презеде доминацијата, туку и заводи со +10 (41-31). „Орлите“ за момент се вратија во игра и намалија на -4. Но, во самиот финиш Љуљ со тројка донесе плус осум поени за Шпанија на полувреме (45-37).

Незадоволството од прикажаната игра на своите избраници беше видливо кај Ѓорѓевиќ, но неговите пулени наместо да ја поправат сликата, влегоа во нова криза и Шпанија на четири минути до крајот на третиот квартал стигна до неверојатни +21 (63-42). Нервозата од немоќта беше видлива во таборот на Србија, а својот бес го исфрли Никола Јокиќ, кој по еден неспортски потег заработи исклучување, па фаворитот мораше мечот да го доигра без својата прва ѕвезда. 

Во последните десет минути се влезе со +11 за „фуријата“ (67-56), позитива која беше активна речиси во текот на целиот последен период, за на крај да застане на +12 за Шпанците (81-69). Рубио со 19 и Клавер со 14 поени беа први стрелци во редовите на победничката селекција, додека кај Србија единствена светла точка беше Богдановиќ со 26 поени.

  • Извештај од натпреварот: 

По денешниот расплет, Србија во четвртфиналето ја чека дуел со Аргентина, додека Шпанија ќе се сретне со Полска.