Шпанија и Франција до последните „визи“ за ЛОИ, Србија ја чека борба

По крајот на четвртфиналните средби на Светското првенство (СП), познати се сите репрезентации кои обезбедија директно учество на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во 2020 ггодина во Токио.

Последните две „визи“ ги грабнаа Шпанија и Франција, кои се пласираа меѓу најдобрите четири во светот. Покрај нив, на ЛОИ место имаат и САД и Аргентина (Америка), Австралија (Океанија), Нигерија (Африка), Иран (Азија) и Јапонија (домаќин).

За останатите четири места ќе се играат претквалификациски турнири, а ќе има 24 селекции поделени во четири групи.

Меѓу нив ќе биде и селекцијата на Србија, која иако како фаворит за медал, испадна рано на ова СП и ја чека голема борба.