Шпанија и Белгија ќе играат за златото на женското кошаркарско ЕП

Репрезентациите на Шпанија и Белгија се селекциите кои се пласираа во финалето на женското кошаркарско Европско првенство (ЕП) кое се одржува во Израел и Словенија.

„Фуријата“ во полуфиналето одигра одлично и со добро прво полувреме ја победи Унгарија со 69-60. Фаворитот ја оправда улогата предводен од Алба Торенс која постигна 27 поени, а ја следеше Маите Казорла со 16 поени. Кај Унгарките, Агнеш Штрудер имаше 13, а Кјеша Горе заврши со 12 поени.

Во второто полуфинале Белгија се соочи со Франција и успеа да слави со 67-63. Белгијките имаа добро отворање на натпреварот, првата четвртина ја добија со 18-8 и беше полесно да се игра. Во последната четвртина Белгијките имаа 63-53, Франција дојде на минус два, ама немаше време за повеќе.

Во натпреварот за олимписко место ќе играат Србија и Германија. Србинките беа подобри од Црна Гора со 63-58, додека Германките по продолжение беа подобри од Чешка со 71-69 откако регуларниот дел заврши 63-63.