Шпанија е баш фурија и ја „збриша“ Венецуела со 37 разлика

Кошаркарската репрезентација на Шпанија ја покажа цела своја моќ и по вторпат во два дена ја совлада Венецуела во подготвителене натпревар пред Летните Олимписки игри во Рио де Жанеиро. Европскиот првак во Ваљадолид го „затвори“ кошот и со 91-55 ја победи венецуелската селекција, за да потврдат дека поразите од Литванија беа невоиграност и моменти на слабост без Пау Гасол.

Токму новиот кошаркар на Сан Антонио, Пау Гасол со 14 поени и 8 скока беше едно од највпечатливите имиња во натпреварот, а Никола Миротиќ со 15 поени беше најефикасен. Селекторот Скариоло беше задоволен од прикажаното на сите кошаркари.

Последниот тест пред патот за Бразил, Шпанците ќе го имаат в четврток во Сарагоза против Брегот на слоновата коска.