Шпанскиот кошаркарски гигант Реал Мадрид е во завршна фаза од преговорите со турскиот центар Омер Јуртсевен, кој би можел да пристигне како мега-засилување пред почетокот на плејофот во шпанската АЦБ лига.
Во петокот вечерта, во рамки од четвртфиналето во Евролигата, екипата на Валенсија успеа да израмни на 2-2 на гостински терен против Панатинаикос, а веќе во недела ја чека нова битка. Овој пат во домашниот шампионат, против големиот ривал Басконија.
Кошаркарите на Барселона конечно најдоа начин да му застанат на патот на вечниот ривал Реал Мадрид и во вистинска драма славеа со 105-100 во рамките на 14. коло од АЦБ лигата. Со овој триумф, Каталонците ставија крај на еден навистина тежок и долг црн период во меѓусебните дуели.
Легендарниот Марселињо Уертас, кој настапува за шпанскиот клуб Тенерифе, на својa 42-годишна возраст постигна импресивен рекорд, станувајќи третиот кошаркар во историјата кој постигнал повеќе од 3.000 поени во најсилната шпанска лига.
Македонскиот кошаркарски репрезентативец Итан Хап повеќе не е член на Валенсија, откако клубот и играчот постигнаа спогодбен раскин на договорот. Хап ја напушта екипата предвреме, иако неговиот договор првично беше предвидено да трае до крајот на актуелната сезона.
Кошаркарот на Барселона, Хуан Нуњез, ќе отсуствува најмалку шест месеци од терените поради повреда на коленото, објави каталонскиот клуб. Во соопштението од Барселона се вели дека Нуњез во вторникот бил подложен на артроскопска операција на десното колено и се додава дека се очекува играчот да отсуствува најмалку шест месеци.
Шпанскиот плејмејкер Рики Рубио официјално се врати во редовите на Хувентуд од Бадалона, клубот каде што ја започна својата професионална кариера пред речиси две децении.
Барселона продолжува со градење моќен ростер за новата сезона, а следната цел на каталонскиот гигант е искусниот американец Вил Клајбурн, пренесува „BasketNews“.