Шпанците сигурни и на вториот тест, блесок на Рубио во Малага

Рики Рубио

Репрезентацијата на Шпанија запиша втора победа на подготовките за Мундобаскетот во Кина. Избраниците на Серхио Скариоло го надиграа тимот на Брегот на Слоновата коска со 79-62. Мечот се одигра во Малага, а на истиот по две години настапи Марк Гасол, кој зад себе остави историска сезона.

Најрасположен за игра беше Рики Рубио кој постигна 14 поени и подели пет асистенции. Кај гостинската селекција се истакна поранешниот центар на Црвена Звезда, Дион Томпсон, со 14 поени.

Браќата Ернангомез исто така беа расположени кај Шпанците - Вили постигна 14 поени, а Хуанчо еден поен помалку.

Иран, Порторико и Тунис се ривали за „црвената фурија“ на Светското првенство кое започнува на крајот на август.