• Саше Љолес
Управата на Евролигата разгледува планови за организирање нов предсезонски турнир кој би служел како подготовка за почетокот на сезоната во најсилното европско клупско кошаркарско натпреварување.
Според информациите, како една од можните локации се споменува Абу Даби, кој би можел да биде домаќин на овој нов формат на натпреварување, доколку планот биде официјално усвоен.
Идејата е да се создаде пократок турнир, или таканаречен „Суперкуп“ за дел од најсилните европски клубови, кој би им овозможил посериозна „проверка“ пред стартот на сезоната и дополнителна промоција на Евролигата на глобално ниво.
Засега проектот е во фаза на дискусија и не е донесена конечна одлука за неговата реализација или конечен формат.
Иако уште нема официјална потврда, се очекува на Суперкупот да учествуваат актуелниот шампион, минатогодишниот првак, најдобриот тим во регуларниот дел од сезоната, како и победикот на Еврокупот.