ВИДЕО: Шоу на Леброн пред очите на Кари – три тројки по ред, последната од центар! 

Леброн Џејмс испиша историја во НБА лигата. 40-годишниот кошаркар постигна 42 поени, 17 скока и 8 асистенции во победата на Лос Анџелес Лејкерс над Голден Стејт Вориорс (120-112).

Тој беше особено импресивен на почетокот на втората четвртина кога направи нешто што е карактеристично за неговиот ривал Стеф Кари. Џејмс погоди три тројки во низа, а „шлагот на тортата“ беше удар последната, која што ја упати речиси од центарот.

Оваа минијатура на Леброн ги полуде навивачите во салата, особено неговиот син Брони, а имун не остана ниту Лука Дончиќ, кој уште еднаш од клупата го гледаше својот нов тим.