ВИДЕО: Шоу на Кари – постигна тројка за паметење во Ол-стар финалето! 

Стеф Кари, кошаркарот на Голден Стејт Вориорс заслужено е прогласен за најдобар играч на Ол-стар турнирот кој што се одржа во Сан Франциско. Тој брилјираше во текот на целиот турнир и очекувано ја освои наградата за најкорисен играч (МВП).

Еден од најдобрите играчи во историјата беше ефикасен и во полуфиналето каде имаше учинок од осум поени, шест скока и една асистенција, додека во финалната средба го забележа еден од најатрактивните потези – постигнувајќи тројка од половина терен.

Учинокот на Кари во финале беше 12 поени, 4 скока, 1 асистенција и 2 украдени топки.