ВИДЕО: Шоу на Ирвинг против Мајами - асистенција МЕЃУ НОЗЕ за овации во „ТД Гарден Арена“

Кајри Ирвинг

Екипата на Бостон Селтикс продолжи да се искачува на табелата во Источната конференција. Со четири последователни победи, кошаркарите на Бред Стивенс ја вратија довербата кај навивачите кои вчера уживаа во нивниот рецитал против Мајами Хит.

Прво име беше Кајри Ирвинг кој покрај со поените, одушеви и со фантастичните додавања до соиграчите. Едно од нив донесе делириум на трибините и само ја потврди одличната форма во која што се наоѓа плејмејкерот.

26-годишникот тргна во контра напад, а потоа го здогледа Маркус Смарт како стои сам на линијата за три поени, па со креативна асистенција меѓу своите нозе му овозможи лесна завршница.

Погледнете ја асистенцијата на вечерта во НБА лигата: