ФОТО: Шоу на „Гробари“ во Белград – „Кошарката се враќа дома!“

Екипата на Партизан игра важен меч на домашен терен во Еврокупот против Литвос Ритас, а навивачите на белградскиот тим „Гробари“, во салата „Пионир“ направија шоу на натпреварот.

„Црно-белите“ играат одлично под водство на новиот тренер Тринкиери, а желба е да се мине во наредната фаза. Без поддршка од домашната публика, која важи за една од најдобрите на Балканот, тешко се игра, а спектакуларна кореографија го најави мечот во Еврокупот.

„Кошарката се враќа дома“, стоеше на трибината на „Гробарите“, додека цела сала пееше во транс навивачки песни како поддршка за домашните. 

Погледнете како изгледаше салата „Пионир“: