Шоу и „дабл-дабл“ на Скола, Аргентина ќе се бори за светското злато!

Кошаркарската репрезентација на Аргентина обезбеди финале на Светското првенство (СП) кое се игра во Кина, откако во полуфиналето во меч во кој диктираше темпо на игра на совлада Франција (80-66).

„Гаучосите“ имаа контрола на игра во текот на целиот натпревар и ја имаа предноста во своите раце. Франција константно бркаше водство, но ниту еднаш не успеа да се закани сериозно, дека може да го расипе сонот за финале на јужноамериканската селекција која игра одличен турнир.

По првите десет минути, Аргентина имаше 21-18, а разликата се направи кога од 23-24, со доминантна игра во рекетот, „гаучосите“ направија серија од 31-24, за предност од седум поени која остана до паузата (39-32). До прва двоцифрена предност се дојде на самиот старт на третиот квартал (45-35) и истата константно се одржуваше до крајот на средбата. Највисоката предност Аргентинците ја имаа кога водеа со 15 поени (57-42).

Шоу на мечот имаше ветеранот Луис Скола, кој на скоро 40 години покажа класа и во еден од најважните мечеви на Мундијалот забележа „дабл-дабл“ од 28 поени и 13 скока. Го следеше Дек со 13 поени, додека Кампацо заврши со 12 поени. Кај Франција, Фурние даде 16 поени, исто колку и Франк Нтиликина, додека Де Коло застана на 11 поени.

  • Извештај од натпреварот: 

Во големото финале, Аргентина ќе ја предизвика Шпанија која претходно беше подобра од Австралија. За „гаучосите“ ова е прв меч за златен медал по 2002 година, кога во финалето во Индијанаполис загубија од тогашна Југославија. Шпанија, пак, игра прво финале по 2006 година кога последен пат стана светски првак.