Шошкиќ: Преку ова ЕП сакаме да обезбедиме континуитет на големите собири

Кошаркарската репрезентација за играчи до 20 години ќе настапи на Европското првенство во Полска. До овој пласман момците кои сега ти води Боро Смилковски дојдоа откако на ланскиот Евро-шампионат во Скопје од Б дивизијата дојдоа до второто место. 

Еден од играчите кои се бореа за место на овој турнир беше Андреј Шошкиќ, кој и сега ќе игра во Гдиња. Тој пред турнир нагласи дека преку ова Европско првенство целта е да се обезбеди континуитет на настапи.

„Дојдовме во Гдиња со една таква цел – да одржиме еден континуитет на играње во оваа силна конкуренција на репрезентации кои се постојани членки на А дивизијата. Свесни сме за предизвикот кој е пред нас. Уште во оваа групна фаза се соочуваме со квалитетни противници. На почетокот нė чека Шпанија, веројатно и една од репрезентациите кои важат како топ-фаворити на првенството. Следува дуел со Турција, на крајот и натпреварот против Белгија. Веројатно, ако говориме за шансите за успех, мислам дека и тука некаде треба да ја бараме нашата, да пробаме да оствариме успех, кој ќе ни овозможи нешто полесен распоред, ако воопшто може да се зборува за такво нешто. Системот е таков, секоја победа те води поблиску до потцртаната цел.

Имавме краток период за подготовките за ова првенство. Но мислам дека сме доволно подготвени за да се бориме за успех на секој натпревар. Очекувам да сме сите на максимум, и да дадеме се од себе за што е можно подобар пласман на првенството во Полска“, изјави Шошкиќ.

Македонија на Евробаскетот ќе се натпреварува во групата Ц против Шпанија, Турција и Белгија, а првиот меч го игра в сабота.