• Мартин Танасковски
Македонија е пред голем кошаркарски предизвик. Треба да се победи Естонија на гости, потоа да се слави и над Полска на домашен терен, а воедно да се добие и услуга од Литванија во последното коло за да се игра на Европското првенство (ЕП).
Главен лидер на тимот на овој натпревар ќе биде Ти-Џеј Шортс, кој доаѓа по одличните настапи за Париз во Евролигата. Американскиот шутер за првпат ќе игра заедно со Ненад Димитријевиќ во истиот тим.
„Дефинитивно сум возбуден што пак ќе играм за нешто повеќе од тим, тоа е државата. Се надевам дека ќе помогнам и ќе го направиме нашиот дел да победиме со Естонија и Полска и ќе видиме што ќе биде. Чекам на предизвикот. Мене ми е исто дали играрм за Париз и Македонија, ќе се потрудам да помогнам. Нено е лидер на тимот, а јас ќе го дадам моето да му помогнам да го симнам товарот од него. Не сакам да зборувам за очекувања, туку сакам да помогнам да се победува. Знам дека Естонија е млад и гладен тим за успеси. Ќе мора да имаме добра енергија, затоа што знам дека имаат одлична публика. Последен пат кога играв со Естонија во дресот на Македонија, го почувствував тоа. Ни дадоа „удар по устите“ многу рано и бевме во проблеми. Сега сакам да биде поинаку“, изјави Шортс.
Македонија е во напад на Европско првенство за првпат по една деценија. Последен пат меѓу европскиот крем бевме во 2015 година на ЕП во Хрватска.
Репрезентацијата ќе тренира неколку дена во Скопје, а потоа заминува за Талин каде на 21 февруари ќе го одигра претпоследниот натпревар за овој квалификациски циклус. Три дена подоцна, на 24 февруари (понеделник) ќе ја пречекаме Полска во Скопје. Натпреварот против Полска ќе се одигра во СРЦ Кале, со почеток во 18:30 часот.


