Шортс солиден во славјето на Париз, Ц. Звезда испушти двоцифрено водство со европскиот првак

Кошаркарите на Париз минимално славеа во дуелот со Басконија (67-65) во седмата рунда на Евролигата. Ти-Џеј Шортс и соиграчите стигнаа до третото последователно славје во елитното натпреварување.

Македонскиот репрезентативец имаше солидна партија и беше меѓу најдобрите поединци во својот тим со девет поени, пет асистенции и четири скока. Ист број на поени имаа Хифи и Вард, додека по осум уфрлија Јантунен и Ло. Најефикасен на средбата беше Чима Монеке со „дабл-дабл“ (19 поени и 12 асистенции).

Тесен пораз забележа екипата на Црвена Звезда од европскиот првак Панатинаикос (77-81). Грчкиот тим мора да биде задоволен бидејќи во голем дел од мечот бркаше негатива која на моменти беше и двоцифрена. Сепак, во драматична завршница ПАО дојде до славје во Белград.

На останатите терени минимален триумф забележа и Жалгирис против Монако (63-62), а нешто посигурен беше Баерн на гостувањето кај Асвел (71-84).