• Зоран Мишевски
Париз сонуваше за двојна титула и сега ја има. Клубот од главниот град е најдобар во Франција во фудбал и кошарка. Во мајсторката од финалето на плеј-офот, кошаркарите на Париз го победија Монако со 99-93 по многу пресврти и ја освоија првата титула во историјата на клубот со победа во серијата со 3-2.
Парижани играа одлично во првите 15 минути, кога во два наврати имаа водство од 17 поени (40-23 и 42-25), но му дозволија на Монако да стигне до -3 со серија од 18-4. Џордан Лојд играше брилијантно, постигна три тројки, а Алфа Диало добро го следеше. Монако влезе во добар ритам, Париз попушти во ритамот и дојде до пресврт со водство на „кнезовите“ од 61-59. Потоа следеше серија на гостите по која дојдоа до 66-75.
Монако влезе во последната четвртина со +8, но Париз не сакаше да се откаже без борба. Со поддршка од публиката, домаќините го намалија водството и стигнаа до 80-81 со серија од 7-0. Се вклучија Ти-Џеј Шортс и Хифи и донесоа водство на Париз од 96-91 на 17 секунди до крајот. И тоа беше крајот на надежите на Монако на Спанулис и прва шампионска титула за Париз.
Ти-Џеј Шортс запиша 27 поени со 10 асистенции и 7 скока и го заслужи епитетот најдобар играч во „мајсторката“. Хифи додаде 16, а Кватара и Ворд запишаа по 11 поени. Кај Монако, Алфа Диало постигна 18, Лојд 17, Окобо и Тарпи по 16, а Стразел 13 поени.

