• Зоран Мишевски
Кошаркарите на Париз Баскет го совладаа Жалгирис на домашен паркет со 82-77, во последниот натпревар од деветтото коло од Евролигата. Екипата на Тиаго Сплитер го забележа петтиот триумф во низа и скокна до петтото место во елитното натпреварување со шест победи и три порази. Ист скор има и екипата од Каунас, која сега е на шестата позиција.
Екипите беа рамноправни од самиот старт, но Париз Басскет успеа да израмни и да победи на крајот. Најдобар во тимот на Париз беше македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс со 21 поен, еден скок и шест асистенции, а го следеше Колин Малком со 17 поени. Двоцифрен беше и Надир Хеифи со 10 поени и 4 скока, додека Кавариус Хејс беше блиску до „дабл-дабл“ учинок со 10 поени и 9 скока. Кај Жалгирис се истакна Иги Браздеикис со 13 поени, два скока и една асистенција. Двоцифрен беше и Арнас Буткевичиус со 12 поени и 9 скока, а Лауринас Бирутис запиша 11 поени со 4 скока.
Во продолжението од натпреварувањето Жалгирис го пречекува Фенербахче, додека Париз гостува кај Барселона.