Шон Еванс од Работнички замина во Грција

Американскиот кошаркар кој во ланската сезона го носеше дресот на Работнички, Шон Еванс, пронајде нов ангажман и кариерата ќе ја продолжи кај нашиот јужен сосед.

Крилниот центар кој има 29 години се договори со грчкиот прволигаш Ифестос Лимну. Со тимот тој потпиша едногодишен договор, а се очекува тој да биде големо засилување за тимот.

Шон Еванс во Работнички пристигна во март, 2018 година и беше важен дел од мозаикот на Марин Докузовски. Играше одлично и на тимот му помогна да ја освои посакуваната 15. титула во мак-баскетот.