Шон Еванс од Аргентина пристигна во Работнички

Екипата на Работнички донесе ново име во своите редови, во Шон Еванс, крилниот центар од кого се очекува да биде засилување за тимот и да ја пополни позицијата „четворка“ на која подолго време се бараше алтернатива.

Лидерот кој во Суперлигата влегува со скор 22-0 го донесе новиот крилен центар од Аргентина, каде настапуваше за Бока Јуниорс. Кошаркарот кој има 29 години и е роден во САД има искуство и низ Европа, каде настапуваше во Израел, Германија, Турција...

Документацијата на Еванс е комплетна и се очекува тој да дебитира во новата средина уште на првиот меч од Суперлигата проитв АВ Охрид (1. април).