Шокантна изјава на Пол Пирс: „Леброн не е меѓу најдобрите пет на сите времиња...“

Пирс Леброн

Леброн Џејмс доби второ место на листата најдобри играчи во историјата според „ЕСПН“. Пред него заврши само Мајкл Џордан, а ова рангирање предизвика голема дебата во САД.

Повеќето се согласија дека на крајот на кариерата кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс ќе биде во самиот врв на листата, но не и Пол Пирс. Поранешниот ривал на „кралот“ верува дека тој не е ниту меѓу најдобрите пет играчи на сите времиња.

„Што направил Леброн за да формира шампионски екипи? Замина во Мајами и доби готов тим, а истото го направи и кога се врати во Кливленд. Дали ќе се случи истото во Лејкерси, останува да видиме.

Според мене тој се уште не заслужил толку високо место на листата. Пред него се Џордан, Џабар, Расел, Меџик и Коби“, вели поранешниот шампион со Бостон Селтикс.

Пирс секогаш давал остри критики на сметка на Леброн, а се верува дека тоа е поради нивните битки во минатото. Селтикси беа голем проблем за Џејмс во деновите кога беше дел од Кавалирси, а потоа и кога замина во Мајами.