Шокантна изјава на агентот на Кајри Ирвинг

Кајри

Кајри Ирвинг немаше среќа и се повреди во ланскиот плеј-оф, па Бруклин Нетс остана без шанси да се бори за титулата.

Одличниот плејмејкер планира уште долго да не менува средина и не се гледа себеси во друга екипа. Доказ за тоа е шокантната изјава на неговиот агент, кој вели дека тој ќе замине во пензија, ако клубот одлучи да се ослободи од него. Во изминатиот период се споменуваше дека 29-годишникот би можел да заврши во Филаделфија 76ерс. Меѓутоа демант пристигна од човекот кој е заслужен за неговите договори.

По две сезони во Бостон Селтикс, Ирвинг пристигна во Бруклин. Таму формира трио со Кевин Дурант и Џејмс Харден, во обид да стигне до нов шампионски прстен.

Единствената титула тој ја освои со Кливленд Кавалирс во 2016 година.